
Делегација од Партијата Десница му оддаде почит на великанот Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање

По повод одбележувањето на 151 година од раѓањето на македонскиот великан, Гоце Делчев, Претседателката на Десница Билјана Јовановска со делегација од партијата Десница го посетија неговото вечно почивалиште во цркавата Свети Спас во Скопје и оддадоа почит. Гоце Делчев со своите заложби и дела даде голема жртва и непроценлив придонес за добробит на сите минати, сегашни и идни генерации на Македонија.
За жал, ова не е Македонија која тој ја замислуваше и далеку сме од неговите визии за кои се бореше!
Нека му е вечна слава.
Претставување на Десница
Продолжуваме сами и ребрендирани како ДЕСНИЦА, против одлуки и политики кои се штетни за државата и граѓаните





