Како и да вртиш, за пензионерите пак нема
За една нето функционерска плата од 200.000 денари, потребни се придонеси од 20 работници во приватниот сектор на минималец, вели Билјана Јовановска, поранешна директорка на ПИОМ. Зголемувањето на функционерските плати ја откочи спиралата на незадоволство. Можно ли е зголемување за сите пензионери?
„Ако има за вас, треба да има и за нас“, беше еден од транспарентите на револтираните и разочарани пензионери, на протестот пред Владата на 20 септември – Меѓународниот ден на пензионерите.
Оттогаш поминаа уште 20 дена, во кои за пензионерите ништо не се смени во однос на нивните барања до власта. Ниту добија линеарно покачување од по 3.500 денари за сите (57 евра), ниту добија минимална пензија од 18.000 денари (293 евра).
Добија само ветување дека ќе влезат во нов „пакет“ за помош што го токми државата. Кога и како – уште не се знае.
Целиот текст на Радио Слободна Европа
Нека ви е честит денот на пензионерите!
Драги пензионери,
Вие заслужувате достоинствен живот затоа што други генерации живееа достоинствено благодарение токму на вас. Вие поминавте тешки моменти и неизвесност низ вашиот животен работен век. Но бевте силни и позитивни и продолживте да давате за системот, за државата, за фондовите. Заслужувате пензии кои ги заработивте чесно и со голем труд и жртва. Одмор, викенд, бања, здравствена заштита, социјални дружења се работи кои треба да ги имате. Не се откажувајте од правото на пензии кои се достоинствени на вас и вашиот живот. Десница ве подржува во вашите барања!Посакуваме да си дочекате длабока старост во добро здравје!
Нека ви е честит денот на пензионерите!
Честит празник Македонијо!
Триесет и две години независност, но и толку години неизвесност!
А дали само на празници те величиме и како тој ден само да те сакаме?!
Вечна да си татковино!
Почеток на учебната година
На 1ви септември во минатото секој дом, секоја училница мирисаше на нови книги, нов прибор, нови ранци. Возбудени ученици, горди родители, среќни наставници беа одлика за времето кога знаењето беше важно во Македонија.
Сега кога државата ја превзема (НЕ)ГРИЖАТА за бесплатни учебници, учебници нема, освен прастарите искинати и неупотребливи!
Бидејќи МОН и Владата не можат да обезбедат бесплатно и безгрижно школство, а да не останат децата без образование и знаење, Десница бара Владата и МОН или комплет учебниците редовно да ги доставува до учениците (со почетокот на учебната година) или ако не може, нека признае дека образованието ни е далеку од бесплатно и квалитетно.
Десница бараа Владата да применува европски практики, да го намали бројот на часови за да имаат простор за спорт и други активности ( четири дена по 7 часа и еден ден 6 часа), повисоки плати за наставниот кадар, како и да обезбеди месечен надомест во висина од 3000 денари за секој ученик!