Десница го одбележа денешниот празник Свети Трифун
"Господе еве ти вино и ракија, а ти дај ни убаво и квалитетно грозје да јадеме и богат род вино и ракија да правиме. Бериќетна да ни е годината, да тежи од род!"
Десница го одбележа денешниот празник со посета на манастирот Свети Трифун во скопско Говрлево и закројување лози во Горно Соње.
За многу години Свети Трифун!



Десница изразува длабоко жалење за загубените животи во катастрофалната несреќа што утрово ја погоди Република Турција

Нема зборови кои би дале утеха за оваа несреќа и страдање. Да не се повтори!
Делегација од Партијата Десница му оддаде почит на великанот Гоце Делчев по повод 151 година од неговото раѓање


Гоце Делчев со своите заложби и дела даде голема жртва и непроценлив придонес за добробит на сите минати, сегашни и идни генерации на Македонија.
За жал, ова не е Македонија која тој ја замислуваше и далеку сме од неговите визии за кои се бореше!
Нека му е вечна слава.
Претставување на Десница
Продолжуваме сами и ребрендирани како ДЕСНИЦА, против одлуки и политики кои се штетни за државата и граѓаните