Честит Рамазан Бајрам драги сограѓани од исламска вероисповед!
Во духот на солидарност и заедништво, Ви упатуваме најтопли честитки по повод празникот Рамазан Бајрам. Нека овој период биде исполнет со мир, толеранција и разбирање меѓу сите граѓани, без разлика на верската или етничката припадност.
Заедно ќе продолжиме да ја градиме Македонија врз принципите на правда, еднаквост и заемна почит. Нека и Бајрам ги засили врските меѓу нас и биде инспирација за хармоничен општествен живот.
Десница ги повикува ЗЕЛС, градот Скопје и општините за сите градинки и училишта јавно да ги објават договорите за сервисирање и одржување на хидранти и ПП апарати.
Така родотелите ќе бидат мирни и спокојни кога ќе видат и ќе се уварат дека има активни договори за редовен сервис и одржување.
Го прашуваме претседателот на ЗЕЛС дали знае по колку дечиња има во една група во градинките и дека после 12.00 се оставени само со негувателката? Како во не дај Боже ситуација таа една негувателка ќе се погрижи за безбедноста на четириесетина дечиња во нејзина група?
Да покажеме и докажеме дека безбедноста не децата е на прво место.
Десница е задоволна што делови од нејзината програма, а кои се во интерес на граѓаните, иако не во целост и идентично, но сепак се препознаени од парламентарните партии и предложени за имплементација, како и во случајов со 18 месеци породилно отсуство, кои се дел од нашата програма, а предложени од страна на Левица!
Драги пријатели,
Денес се поклонуваат нашите срца и мисли пред трагедијата што се случи на 11 март 1943 година. На овој ден, 7.144 македонски Евреи беа насилно одведени од своите домови, затворени во нехумани услови во Монополот во Скопје и депортирани во логорот Треблинка, каде што сите беа убиени.
Оваа трагедија е потсетник за ужасите од нетолеранцијата и омразата. Депортацијата, организирана од фашистичката бугарска власт во соработка со нацистичка Германија, остави длабока рана на нашето општество.
Нашата должност е да ја чуваме вистината и да се бориме против секој обид за нејзино искривување. Со сеќавање на жртвите, ние градиме иднина без омраза, дискриминација и антисемитизам.
Никогаш повеќе! Вечна им слава!
 Со длабока тага и искрено сочувство ги упатуваме нашите мисли кон семејствата и блиските на жртвите од трагичниот настан во Кочани. Оваа ненадоместлива загуба го потресе целото општество и нè потсети на кревкоста на човечкиот живот. Во овие тешки моменти, важно е да покажеме единство, солидарност и поддршка за сите погодени.
Апелираме до надлежните институции да вложат максимални напори за целосно расветлување на причините за оваа трагедија. Потребно е брзо и одговорно делување за да се утврди дали биле почитувани сите безбедносни стандарди и дали имало пропусти кои довеле до ваков исход. Само преку транспарентност, одговорност и превентивни мерки можеме да спречиме вакви несреќи во иднина.
Исто така, ги охрабруваме институциите да обезбедат соодветна помош за повредените и поддршка за семејствата на жртвите. Ова е време кога сите – граѓаните, организациите и државата – треба да се обединиме во духот на хуманост и грижа.
Нека почиваат во мир оние што ги загубивме, а нивните семејства нека најдат сила во овие тешки моменти. Нашата мисла е со вас.