20 Ноември – Меѓународен ден на детето 🌍
Денес, потсетуваме дека секое дете има право на љубов, грижа, образование и заштита. 🧡 Ова е ден кога ја славиме детската радост и ја нагласуваме нашата обврска да создадеме свет во кој сите деца ќе се чувствуваат безбедно, сакано и почитувано.
Но, ова е и момент за акција! Државата треба да преземе конкретни чекори за подобрување на состојбата на децата:
✅ Поддршка на ранливите семејства преку социјални програми кои обезбедуваат пристап до образование, здравствена грижа и безбедно домување.
✅ Инвестиции во образование за секое дете, со акцент на квалитетни програми, инклузивност и поддршка на децата со посебни потреби.
✅ Заштита од насилство и експлоатација преку зајакнување на институциите кои работат со деца и примена на строги закони против злоупотреба.
✅ Поттикнување на детско учество во донесувањето одлуки кои ги засегаат нивните животи.
Да се потсетиме дека иднината на светот лежи во нивните мали раце, ум и срва, а нашата задача е да го обликуваме светот така што тие да можат да го достигнат својот целосен потенцијал. 🌱
🤝 Мора да работиме заедно за инклузивно образование, еднакви можности и права за секое дете. На овој ден, а и секој друг, продолжуваме да се залагаме за детските права!
Десница е дел од денес формираната „Коалиција за европска иднина“ која ќе ја состави следната проевропска Влада
Коалицискиот договор денес го потпишаа СДСМ, ВМРО НП, Десница, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.
Дали со оваа изјава министерот Николовски го повлекува спорниот член од Законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште, со кој се дозволуваше поставување на енергетска опрема на земјоделско земјиште од 3 и 4 категорија? Според ЕНЕР, спорниот член не е повлечен. Дали самиот се демантира?
Со предложените измени и дополни на Законот за земјоделското земјиште, со кои се дозволува изградба на енергетски градби на квалитетно земјоделско земјиште, оваа ненародна влада покажува дека и понатаму продолжува со урнисување на сé што е вредно. Во земја која отсекогаш била аграрна, која е богата со сонце и вода, најквалитетното земјоделско земјиште да го претвориш во енергетска централа, е уште еден доказ дека бизнис интересите на оваа ненародна влада се над сé друго. Во време кога храната (месо, овошје, зеленчук, жито и сл.) станаа луксуз, наместо да се стимулира производството на храна, зголемување на сточниот фонд, искористување на пасишта и сл., а со тоа да се намалат високите цени на овие производи, оваа ненародна влада предзвикува зголемување на дефицитот на основните прехранбени производи од домашно производство, претворање на пасишта во градежно земјиште и сл. Десница прашува дали наместо храна, овој народ ќе јаде струја/ фотоволтаици/ ветерници?! Што е овде постратешко- производство на храна или градење објекти на површини наменети за производство за храна за лични интереси? Зборувате за 100% искористеност на средствата од ИПАРД 2. На што ќе се трошат средствата од ИПАРД 3 ако целото земјоделско земјиште го претворите во енергетски централи? За каков развој на земјоделството говорите, ако нема земјоделско земјиште? Дали со средствата од ИПАРД 3 во најголем дел (да останат трошки и за земјоделците) се планира финансирање на бизнисот со енергија, на сметка на производство на храна, кој е во рацете на сегашната власт?
Да не дозволиме од земја-производител на евтини, а квалитетни земјоделски производи да се претвориме во увозник на истите по многу високи цени.