Денес, 28 февруари, го одбележуваме Меѓународниот ден на ретките болести, ден посветен на поддршка и подигнување на свеста за пациентите со ретки болести и нивните семејства. Овој ден е симбол на храброста и солидарноста, со цел да се обезбедат подобри услови за дијагноза, третман и општествена интеграција. Десница се заложува сите заедно да создадеме поинклузивна иднина!

Навредливите изјави на министерката за финансии кон пратеничката Славјанка Петровска претставуваат неприфатливо однесување кое го нарушува достоинството на жените во политиката и ја поткопува културата на јавна дебата. Како општество, мора да се стремиме кон почитување на различностите и градење демократски дијалог, без лични напади и дискриминација. Ги повикуваме сите политички актери да се воздржат од навредливи изјави и да покажат одговорност во своето јавно изразување, согласно принципите на еднаквост, толеранција и почитување на човековите права.

Македонскиот јазик е нашиот мајчин јазик! Тој е нашиот идентитет, нашата историја и нашата иднина! Тој е гласот на нашите мајки, предци и аманет за генерациите што доаѓаат. Да го чуваме, негуваме и гордо да го зборуваме, затоа што преку него живее духот на Македонија!
Честит нека е денот на мајчинот јазик!

Решавањето на проблемите и задоволувањето на потребите на младите е клучно за идниот развој на Македонија. Ова бара координирани напори и активносто од страна на институциите, локалните заедници, невладини организации и самите млади.
Што им треба на младите

  • Подобрено образование кое ќе ги подготвува за современите пазарни потреби.
  • Поголем пристап до стручни обуки и практични вештини.
  • Повеќе можности за вработување и поддршка за претприемаштво.
  • Подобри социјални услуги, вклучувајќи здравствена заштита и ментална поддршка.
  • Програми за поддршка на младите
  • Поголема вклученост во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
  • Поддршка за младински организации и иницијативи.
  • Повеќе можности за културни и спортски активности.
  • Поддршка за младински музички и уметнички проекти.
  • Подобар пристап до дигитални технологии и интернет.
  • Поддршка за иновативни проекти и стартапи.
  • Што им пречи на младите
  • Висока стапка на невработеност кај младите.
  • Ограничени можности за кариерен напредок.
  • Голем број млади луѓе се селат во потрага по подобри можности во странство.
  • "Brain drain" (одлив на мозоци) кој ги ослабнува локалните заедници и економијата.
  • Сиромаштија и економски нееднаквости.
  • Ограничен пристап до квалитетно образование и здравствена заштита.
  • Недостаток на транспарентност и корупција.
  • Ограничено учество на младите во политичките процеси.
  • Зголемен стрес и анксиозност кај младите.
  • Ограничен пристап до ментална здравствена поддршка.

Изјавата на министерката за финансии претставува грубо нарушување на основните принципи на почит и достоинство во политичкиот дискурс. Како претседателка на партија која се залага за традиционални вредности, јас остро ја осудувам ваквата навреда кон пратеничката Славјанка Петровска. Личните напади врз основа на семејниот статус или личниот живот се недолични и неприфатливи. Ги повикувам сите јавни функционери да покажат одговорност и да се воздржат од дискриминаторски изјави кои го поткопуваат угледот на институциите и создаваат непотребен раздор во општеството.