Македонскиот јазик е нашиот мајчин јазик!
Македонскиот јазик е нашиот мајчин јазик! Тој е нашиот идентитет, нашата историја и нашата иднина! Тој е гласот на нашите мајки, предци и аманет за генерациите што доаѓаат. Да го чуваме, негуваме и гордо да го зборуваме, затоа што преку него живее духот на Македонија!
Честит нека е денот на мајчинот јазик!
Што им треба на младите
Решавањето на проблемите и задоволувањето на потребите на младите е клучно за идниот развој на Македонија. Ова бара координирани напори и активносто од страна на институциите, локалните заедници, невладини организации и самите млади.
Што им треба на младите
- Подобрено образование кое ќе ги подготвува за современите пазарни потреби.
- Поголем пристап до стручни обуки и практични вештини.
- Повеќе можности за вработување и поддршка за претприемаштво.
- Подобри социјални услуги, вклучувајќи здравствена заштита и ментална поддршка.
- Програми за поддршка на младите
- Поголема вклученост во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
- Поддршка за младински организации и иницијативи.
- Повеќе можности за културни и спортски активности.
- Поддршка за младински музички и уметнички проекти.
- Подобар пристап до дигитални технологии и интернет.
- Поддршка за иновативни проекти и стартапи.
- Што им пречи на младите
- Висока стапка на невработеност кај младите.
- Ограничени можности за кариерен напредок.
- Голем број млади луѓе се селат во потрага по подобри можности во странство.
- "Brain drain" (одлив на мозоци) кој ги ослабнува локалните заедници и економијата.
- Сиромаштија и економски нееднаквости.
- Ограничен пристап до квалитетно образование и здравствена заштита.
- Недостаток на транспарентност и корупција.
- Ограничено учество на младите во политичките процеси.
- Зголемен стрес и анксиозност кај младите.
- Ограничен пристап до ментална здравствена поддршка.
Зошто некому му пречи житното класје, афионот и тутуновиот лист на грбот?
Зошто некому му пречи житното класје, афионот и тутуновиот лист на грбот? Затоа што ја отсликуваат богатата, плодната македонска почва, разновидноста на економијата и вредниот македонски народ?
Владта очигледно смета дека повеќе ги немаме овие работи, односно не планира да се посвети на економијата, на земјоделието и на среќата на народот!?
На грбот се и симболите на единството на сите делови на Македонија и идеалот на македонскиот народ за национално обединување. Но дали на партиите на власт тоа нешто им значи?!
Судски реформи!
За судски реформи се почнува од
1. Основните судови
- Колкав број на основни судови се реална потреба
-Бројот на судии и нивната стручност и ажурност
-Бојот и квалитетот на стручните соработници задолжително не партиски.
-Фнансиска независност
-По однапред утврдени критериуми за стручност и чесност самите судии да избираат претседател и кои судии ќе бидат унапредени во апелациони судии.
2. Апелационите судови
-Бројот на апелациониот судови и реалната потреба од толкав број
-Апелациони судии избрани од колегите
-Зголемен број на стручни соработници, квалитетни, стручни и непартиски
-Финансиска независност
- Согласно критериуму утврдени за стручност и чесност самите судии да избираат претседател на апелациониот судови.
3. Ако владта избира и разрешува совет на судии и обвинители и тоа се за неа реформи, граѓаните не може да очекуваат независни судии и обвинители, правда и правичност!