Средба на лидерите на партиите од коалицијата
Денес во седиштето на СДСМ, претседателката на Десница м-р Билјана Јовановска и Генералниот секретар м-р Теодора Маријановска присуствуваа на средба на лидерите на партиите од коалицијата.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и потребата од нов меѓукоалициски договор и потпишување на нова платформа за соработка.
Заклучокот од средбата е дека власта за ги излажаа и разочара граѓаните, животниот стандард го сведе на преживување и го запре и уназади евроинтеграцискиот процес на Македонија, поточно не знаат во кој правец пловар или намерно ја втурнуваат Македонија и нас граѓаните во немирни води.
Го одбележуваме Меѓународниот ден на ретките болести
Денес, 28 февруари, го одбележуваме Меѓународниот ден на ретките болести, ден посветен на поддршка и подигнување на свеста за пациентите со ретки болести и нивните семејства. Овој ден е симбол на храброста и солидарноста, со цел да се обезбедат подобри услови за дијагноза, третман и општествена интеграција. Десница се заложува сите заедно да создадеме поинклузивна иднина!
Реакција од Партијата Десница
Навредливите изјави на министерката за финансии кон пратеничката Славјанка Петровска претставуваат неприфатливо однесување кое го нарушува достоинството на жените во политиката и ја поткопува културата на јавна дебата. Како општество, мора да се стремиме кон почитување на различностите и градење демократски дијалог, без лични напади и дискриминација. Ги повикуваме сите политички актери да се воздржат од навредливи изјави и да покажат одговорност во своето јавно изразување, согласно принципите на еднаквост, толеранција и почитување на човековите права.
Реакција на Претседателката м-р Билјана Јовановска
Изјавата на министерката за финансии претставува грубо нарушување на основните принципи на почит и достоинство во политичкиот дискурс. Како претседателка на партија која се залага за традиционални вредности, јас остро ја осудувам ваквата навреда кон пратеничката Славјанка Петровска. Личните напади врз основа на семејниот статус или личниот живот се недолични и неприфатливи. Ги повикувам сите јавни функционери да покажат одговорност и да се воздржат од дискриминаторски изјави кои го поткопуваат угледот на институциите и создаваат непотребен раздор во општеството.